Македонија
12. January 2019 - 16:08

Мицкоски бара распишување избори и распуштање на Парламентот во понеделник

Уште во понеделник Собранието да се распушти и да се распишат предвремени парламентарни избори заедно со претседателските побара лидерот на ВМРО ДПМНЕ.

Мицковски му порача на премиерот да не се крие зад партиското раководство бидејќи има доволно време викендов да донесат одлука во СДСМ.

Со чувство на мака и  жалење го проследил пресот на премиерот кој се обратил како премиер на нова земја Северна Македонија.  

Мицковски смета дека со промената на името Владата докажала  дека не знае  и не умее да владее и дека по капитулација на името ќе ја капитулираат и економијата.

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ потенцира дека веќе никој не му верува на Зоран Заев  и повтори дека целта на оваа Влада беше само едно прашање кое го решиле катастрофално прему промена на името идентитето и јазикот. 

Мицковски го повтори својот став дека ВМРО ДПМНЕ ќе направи се што е во нивна моќ да ја исправи сторената неправда.