Македонија
14. August 2022 - 16:38

Мицкоски: Ако некој од ВМРО-ДПМНЕ гласа за уставните измени ќе се повлечам од политиката

Ќе ја напуштам политиката ако било кој од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ гласа за промена на Уставот. Опозицискиот лидер вели дека и покрај притисоците, неговата партија нема да дозволи промена на Уставот за во него да бидат внесени етничките Бугари.

Од утре Мицкоски почнува процес на консултации со сите коалициони партнери во опозицијата кои треба да резултираат со заеднички став за начинот на кој ќе се организира референдумот за францускиот предлог.

Во пресрет на новите парламентарни избори кои во октомври треба да се одржат во Бугарија, Мицкоски очекува да се засилат и провокациите кои доаѓаат од источниот сосед. За такви ги смета двата бугарски клубови кои веќе функционираат во Македонија со спорни имиња, за што вината ја гледа во македонската Влада која како што рече има пластелин карактер.