Loading Video...
Ракомет
7. December 2018 - 15:14

Металург во „Јане Сандански“ ќе го пречека Мешков Брест

Ракометарите на Металург в недела ќе го одиграат последниот меч во оваа календарска година на домашен терен во регионалната СЕХА лига
 
Металург го пречекува Мешков Брест во меч од 11.коло на СЕХА, кој тимот од Автокоманда како домаќин наместо во СЦ„Борис Трајковски“ ќе го одигра во СЦ „Јане Сандански“. 
 
Иако гостите од Белорусија кои имаат половичен учинок досега по пет победи и порази, важат за благ фаворити, сепак во таборот на Металург се надеваат дека ќе се израдуваат на втората победа во регионалното натпреварување. 
 
„Очекувам добра игра и сето она што го работиме да продолжи во нагорна линија. Треба да видиме со каков состав ќе дојде Татран. Очекувам сега да бидат засилени. Имаме згуснат распоред, но очекувам да бидеме на потребното ниво. Сепак, сметам дека можеме до победа барем и со еден гол разлика“, изјави на денешната прес-конференцијата Данило Брестовац, тренерот на Металург.
 
Со својот тренер се согласува и Димитар Димитриоски кој додава: „Ова е последен натпревар пред домашната публика за оваа година. Се чувствува заморот од згуснатиот распоред, но наше е да дадеме се од себе. Знаеме со какви играчи располага Татран, но мислам дека може да се израдуваме на победа“.
 
Натпреварот Металург – Мешков Брест ќе се игра во недела од 17 часот и 30 минути, додека в сабота Вардар гостува во Ниш кај Железничар во терминот од 20 часот и 15 минути.