Металург со реми против Адемар Леон го заврши настапот во Лига Европа
Ракометарите на Металург достоинствено се простија од настапите сезонава во групната фаза во Лига Европа, откако вечерва во неизвесен натпревар во Скопје одиграа нерешено 27:27 (16:13) против фаворитот Адемар Леон.
Во својот последен натпревар во рамки на групата А, Металург од самиот почеток имаше постојано водство во салата „Борис Трајковски“, што достигна највисоки четири голови разлика (19:15) по десет минути игра во второто полувреме.
Мартин Серафимов ја намали предноста на гостите, а Василије Калуѓеровиќ беше прецизен во последниот напад на Металург за конечни 27:27.
Најефикасен во редовите на македонскиот тим беше репрезентативецот Серафимов со седум голови.
Настапот во Лига Европа ракометарите на Металург го завршија како последнопласирани во групната фаза, со ефект од една службена победа, седум порази и два нерешени натпревари.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализира својата коалиција
-
Еко акција во Прилеп
-
Штипска фирма доби забрана за работа поради загадување
-
Преглед на вести од светот
-
Предизборно финале - партиите ги финализираат листите
-
Teма на денот со Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Тројца приведени за убиството на матичниот доктор кај поликлиниката Железара – мотивот се уште непознат
-
Предизборно финале - партиите ги финализираат листите