Loading Video...
Ракомет
19. September 2018 - 14:29

Металург против Извиѓач ја брка првата победа во СЕХА лигата

Македонскиот вице-првак, Металург пред својата публика, ќе се обиде да ја оствари првата победа во регионалната СЕХА лига сезонава. 
 
Тимот од Автокоманда кој во првите три натпревари не успеа да освои ниту еден бод, во вечерашниот меч против Извиѓач ќе стори се да стигне до полн плен. 
 
„Екипата на Извиѓач исто како и нас има загубено три натпревари во првите три кола. Кај нас и натаму најголем проблем се повредите. Под знак прашалник повторно ќе бидат Јагуриновски и Велковски. Се надевам на позитивен резултат, иако тоа не ни е во преден план, туку создавање на тим кој ќе може да ги даде резултатите за неколку години“, изјави Оливер Димитриоски:
 
И пикерот на Металург, Милан Лазаревски се надева дека конечно тимот од Автокоманда ќе ја оствари првата победа во новата сезона. 
 
 “Уште на почетокот на сезоната ни се случија голем број повреди. Тактички ние добро сме подготвени, но физички не издржуваме и тоа ни се случува на секој натпревар. Секако, малиот број на играчи во ротација не треба да ни биде оправдување, па, и покрај тешките околности, треба да направиме нешто повеќе и да покажеме дека вредиме. Против Извиѓач ја гледам шансата за прва победа во оваа сезона. Победата ќе влијае на подигнувањето на самодовербата кај нашите играчи, а тоа е многу значајно. Ние сме благи фаворити и убеден сум дека ќе го запишеме првиот триумф“, истакнува Лазаревски:
 
Мечот меѓу Металург и Извиѓаќ кој ќе се игра во СЦ „Борис Трајковски“, ќе започне во терминот од 20:45 часот