Мета: Загрижени сме со сите партнери во НАТО за заканата од руска агресија врз Украина
Албанскиот претседател и врховен командант на вооружените сили, Илир Мета денеска оствари итна средба со началникот на Генералштабот на албанската армија, генерал-мајор Бајрам Бегај.
Украина била во фокус на разговорот, за кој шефот на албанската држава информираше преку објава на Фејсбук, наведувајќи дека ја споделиле заедничката загриженост со сите партнери во НАТО за „заканата од руска агресија врз оваа пријателска, независна и суверена земја“.
– Денеска имав многу плодна работна средба со началникот на ГШ на вооружените сили, генерал-мајор Бајрам Бегај. Разговаравме за ситуацијата во и околу Украина. Ја споделуваме заедничката загриженост со сите наши партнери во НАТО за заканата од руска агресија врз оваа пријателска, независна и суверена земја, како и за импликациите што оваа закана, со флагрантно кршење на меѓународното право, може да ги има за цела Европа и за нашиот регион, наведува Мета.
Мета нагласи во тој контекст, дека ја истакнал важноста од најефикасна координација со Алијансата, како и преземање мерки за продолжување на реформите со цел дополнително зајакнување на албанските одбранбени капацитети.
Ново на Сител
-
Тема на денот со д-р Злате Мехмедовиќ
-
Три дена жалост по масакрот во Цетиње
-
Домашни победи на Астон Вила, Манчестер Сити и Арсенал во дуелиуте од 2.коло на Премиер лигата
-
Македонските ракометни надежи се пласираа во финалето на ЕХФ шампшионатот во Рига
-
Што доби Македонија 21 година по Рамковниот договор
-
Цела Влада на камен темелник на фабриката за електрични автомобили во Тетово
-
Македонците во Бугарија: Бугарските здруженија се проект на државата, ова е само почеток
-
Мајмунски сипаници нема, но дали има протокол за лекување