Мета: Загрижени сме со сите партнери во НАТО за заканата од руска агресија врз Украина
Албанскиот претседател и врховен командант на вооружените сили, Илир Мета денеска оствари итна средба со началникот на Генералштабот на албанската армија, генерал-мајор Бајрам Бегај.
Украина била во фокус на разговорот, за кој шефот на албанската држава информираше преку објава на Фејсбук, наведувајќи дека ја споделиле заедничката загриженост со сите партнери во НАТО за „заканата од руска агресија врз оваа пријателска, независна и суверена земја“.
– Денеска имав многу плодна работна средба со началникот на ГШ на вооружените сили, генерал-мајор Бајрам Бегај. Разговаравме за ситуацијата во и околу Украина. Ја споделуваме заедничката загриженост со сите наши партнери во НАТО за заканата од руска агресија врз оваа пријателска, независна и суверена земја, како и за импликациите што оваа закана, со флагрантно кршење на меѓународното право, може да ги има за цела Европа и за нашиот регион, наведува Мета.
Мета нагласи во тој контекст, дека ја истакнал важноста од најефикасна координација со Алијансата, како и преземање мерки за продолжување на реформите со цел дополнително зајакнување на албанските одбранбени капацитети.
Ново на Сител
-
Пратенички прашања во Собранието
-
Продолжува штрајкот на ССМ
-
Кацарска: Не верувам дека спорот ќе се реши во рамките на француското претседателство
-
Планинските спасители бараат да бидат вклучени во системот
-
Со мониторинг општина Радовиш ќе ја чува Плачковица
-
По речиси еден месец од поднесената апликација Турција дозволи членство на Финска и Шведска во НАТО
-
Пендарoвски: Ја потврдуваме сплотеноста со нашите сојузници
-
Мицкоски: Инцидентите се дефокус од реалните проблеми