Мета: Загрижени сме со сите партнери во НАТО за заканата од руска агресија врз Украина
Албанскиот претседател и врховен командант на вооружените сили, Илир Мета денеска оствари итна средба со началникот на Генералштабот на албанската армија, генерал-мајор Бајрам Бегај.
Украина била во фокус на разговорот, за кој шефот на албанската држава информираше преку објава на Фејсбук, наведувајќи дека ја споделиле заедничката загриженост со сите партнери во НАТО за „заканата од руска агресија врз оваа пријателска, независна и суверена земја“.
– Денеска имав многу плодна работна средба со началникот на ГШ на вооружените сили, генерал-мајор Бајрам Бегај. Разговаравме за ситуацијата во и околу Украина. Ја споделуваме заедничката загриженост со сите наши партнери во НАТО за заканата од руска агресија врз оваа пријателска, независна и суверена земја, како и за импликациите што оваа закана, со флагрантно кршење на меѓународното право, може да ги има за цела Европа и за нашиот регион, наведува Мета.
Мета нагласи во тој контекст, дека ја истакнал важноста од најефикасна координација со Алијансата, како и преземање мерки за продолжување на реформите со цел дополнително зајакнување на албанските одбранбени капацитети.
Ново на Сител
-
Ковачевски: Минималната плата е зголемена за 100% во мандатот на оваа Влада, платите продолжуваат да растат
-
Ковачевски: Лесно е да се бранат национални интереси дома
-
Министерката за култура нема да побара разрешување на Валмир Азири
-
Ковачевски: Неприфатливи се предлози без јасна заштита на македонскиот јазик и идентитет
-
Приведен крадец во Скопје, фатен при обид за тешка кражба
-
Пендаровски и Шолц разговараа за ЕУ, НАТО, Западен Балкан, војната во Украина
-
Нови цени на горивата од полноќ
-
Пендаровски: Западниот Балкан е регион од стратешка важност чија иднина е во НАТО и ЕУ