Meта: Владата мора да се жртвува, треба помалку да краде
Поранешниот албански претседател и актуелен лидер на Партијата на слободата, Илир Мета, ја обвини владата за корупција и му порача на премиерот Еди Рама „жртвата што треба да ја направи е помалку да краде”.
Обраќајќи се на состанокот на Организацискиот одбор на партијата тој обвини за корупција во енергетиката каде се злоупотребени над две милијарди евра. Тој иронично рекол дека владата мора да се жртвува, а тоа е „помалку да краде”. Но, според него, тоа е невозможно, бидејќи Рама не знае да не краде, зашто тој е премиер „кој сака се повеќе да краде”.
– Жртвата што мора да ја направи владата е да краде помалку. Па, Рама не може да го направи тоа. Рама тоа не може да го направи зашто е премиер кој се повеќе сака да краде. Во енергетиката злоупотребата е две милијарди евра, а вкупната корупција е над 12 милијарди евра, обвини Мета. Според него, една од најголемите коруптивни афери е пристаништето Драч, кое Рама договорил да го кради фирма од Обединетите Арапски Емирати.
Ново на Сител
-
Санкционирани 179 возачи во Скопје
-
Затруен од наркотици пронајден во бессознание во двор во Кавадарци
-
Затруен од наркотици пронајден во бессознание во двор во Кавадарци
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола