Живот
24. August 2017 - 21:06

Место не ја држи: Поспано девојче гостуваше на телевизија, направи многу нешта но никој не го очекуваше и ова

Девојченцето Ирис Вронка со мајката и братот гостувала во емисијата на ИТВ Њузм но не можела мирно да седи додека мајка и одговарала на прашањата од водителот.

Нејзината мајка Луси во емисијата говорела за алергиите на млеко кои ги имале и нејзините деца, а девојчето станало од столот и почнало да се шета околу водителскиот пулт.

Водителот веднаш гледачите ги предупредил дека на девојчето му е дозволено „да прави што сака во идните неколку минути“.

Малечката се шетала околу масата, скокала, и играла додека нејзината мајка и братот зборувале за алергијата на млеко и не му дозволиле на немирното девојче да им пречи во разговорот.

Врв беше кога се качи на масата, но тогаш разговорот веќе беше при крај.

„Имавме многу возбудливо попладне, а во времето кога гостувавме на телевизија таа обично спие. Можев да ја држам во раце и таа ќе врескаше или можев да ја пуштам да оди и да прави што сака што и направив“, раскажа после емисијата мајката чие девојче брзо стана хит на интернет.