Свет
29. August 2016 - 8:16

Меркел: ЕУ треба да го продолжи дијалогот со Турција

Германската канцеларка Ангела Меркел синоќа, во интервјуто за телевизијата „АРД“, оцени дека ЕУ треба да го продолжи дијалогот со Турција. 

- Треба да го продолжиме дијалогот, раководејќи се од нашите видувања за демократијата, нагласи Меркел. 

Во одговорот на прашањето за ситуацијата со демократијата во Турција, Меркел истакна: Не сакам да давам оценки, но одново и одново, забележуваме дефицит. 

- Сметам, дека беше правилно да го осудиме пучот, како што очекуваше од нас Турција, изјави германската канцеларка, и додаде дека е неопходно „да зборуваме едни со други, а не едни за други“, што често води во дипломатијата до добри резултати“.

По повод можноста тензиите од случувањата во Турција да се пренесат во Германија, Меркел објасни дека таа е канцеларка и на сите Турци, кои живеат во Германија, јави ДПА.