Свет
1. April 2017 - 14:45

Меркел: Бегалците треба да се населат во руралните средини

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека бегалците кои сакаат да останат во Германија, треба да прифатат да живеат во поретко населените реони, наместо во големите градови и да се поотворени за прифаќање на германскатата култура, јави ДПА.

- Очекуваме оние што доаѓаат тука да ги почитуваат законите и да покажат малку поголем интерес за нашиот начин на живот, порача Меркел.

Таа нагласи дека повеќето новодојдени бегалци сакаат да живеат во градовите, каде често е тешко да најдат сместување и да обезбедат услови за живот.

- Затоа мој совет им е да останат во руралните региони, што на прв поглед можеби се помалку привлчени, но во тие средини луѓето ќе можат полесно да се погрижат за интересите на бегалците и да ги интегрираат, истакна Меркел. 

Според германската канцеларка, бегалците исто така ќе треба да ги прифатат основните вредности на Германија, како што се толерантноста, отвореноста, верската слобода и слободата на изразување.

Од 2015 година во Германија пристигнаа над еден милион бегалци и мигранти, што создаде зголемен политички и социјален притисок за нивна интерграција во германското општетство.