Бизнис
26. November 2015 - 20:21

Мерката практиканство дава добри резултати – 65% од практикантите добиле вработување

Проектот практиканство е одлична можност за компаниите и невработените лица. Фирмите кои ќе се одлучат да ја користат мерката немаат никаков трошок за лицата што ќе ги ангажираат. А за тие три месеци додека се кај нив на пракса можат да видат дали работниците имаат задоволителни перформанси за да ги задржат на работа понатаму.

Од  друга страна мерката е одлична можност за младите лица до 29 години да се стекнат со практично искуство до нивното прво вработување. Државата за тие три месеци им исплаќа надоместок од 6200 денари. По истекот на овој период работодавачот не е обврзан да ги вработи.

Значително олеснување за компаниите кои што ќе одлучат да ги задржат лицата што биле на практикантска обука кај нив се и поволностите што ги нуди проектот Македонија вработува.

Максималниот број на практиканти кои може да ги ангажира некоја фирма зависи од бројот на вработените. Заинтересираните компании и невработени треба да се пријават во АВРМ.

Проектот се реализира во соработка со ЕУ која има и финансиско учество .