Ин Мемориам: Замина легендарниот тетовски голман Томиќ
Во 59 година од животот почина легендарниот голман на ФК Тетекс Душан Томиќ.Тој неколку години беше незаменлив на голот на тетовчаните и тоа во периодот кога Тетекс беше респектиран клуб не само во Македонија,туку и во поранешна Југославија.Томиќ еден период беше и на голот на Љуботен.Така, во тие 80-сетти години од минатиот век тој стана миленик на фудбалско Тетово. Инаку, во текот на долгогодишната кариера Томиќ бранешe за Црвена звезда и нишки Раднички.
Откако почна да се занимава со тренерската работа Душан Томиќ од 2001 година му беше помошник на Љупко Петровиќ, како тренер на голманите на кинескиот прволигаш Гуан од Пекинг. Тука остана десетина години, а потоа беше тренер уште во неколку кинески порволигаши. Тој ќе остане запишан во кинеската фудбалска историја како еден од најдобрите странски тренери кој седел на клупата на повеќе од 400 натпревари што претставува своевиден рекорд.
Ново на Сител
-
Медиуми: УЕФА ќе дозволи 26 фудбалери на ЕУРО2024
-
Тајланд сака да биде домаќин на трка во Формула 1
-
Маж во САД ги убил сопругата и трите деца по што се самоубил
-
Наставниците во Тенеси ќе можат да носат пиштоли на училиште
-
Може да гласаат и граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година
-
Упатство за гласање на претседателските избори
-
Отворени избирачките места, право на глас имаат 1.814.317 граѓани
-
Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачко право