Спорт плус
11. October 2018 - 16:32

ИН МЕМОРИАМ: Бранко Давидовски – Мајка (1930 - 2018)

 
 
Денеска на 88 годишна возраст денеска во Скопје почина доајенот на македонското спортско новинарство Бранко Давидовски. Меѓу спортски работници Давидовски беше познат по прекарот „Мајка“.
 
Давидовски кој со спорт почна почнал во раните години во периодот на основањето на ФК Вардар, ги помина сите возрасни категории, а заигра и за сениорскиот тим.
 
По фудбалската кариера тој започнал да работи како спортски новинар,  еден од првите спортки новинари во Македонија. 
 
Најголема трага остави во Македонското радио каде долги години беше уредник, а за кое известуваше од бројни домашни и меѓународни спортски натпревари. 
 
По пензионирањето, Давидовски работеше за весниците „Вечер“, „Утрински весник“ и „Македонски спорт“.
 
Многумина од поранешните, но и денешни генерации на спортски новинари учеа од популарниот „мајка“. 
 
Погребот на Бранко Давидовски ќе биде утре во 12 часот на Градските гробишта „Бутел“ во Скопје.