Живот
22. May 2017 - 13:15

Меланија направила нешто што Хилари и Мишел не го сториле - сите ја осудија поради ова

Меланија Трамп не носеше хиџаб за време на првата официјална посета на американскиот претседател на Саудиска Арабија овој викенд, што предизвика јавна дискусија иако таа не е прва која тоа го направила.

Светската јавност веднаш ја нападна поради тоа, бидејќи со тоа покажала непочитување кон земјата на домаќинот и нивните правила, а алудирајќи на фактот дека и претходните две први дами, Мишел Обама, и Хилари Клинтон, во текот на посетата на арапските земји уредно носеле марама, односно хиџаб.

Обвинувањата стигнуваа за тоа дека таа „заборавила“ да стави марама, па се до дека „намерно“ не ја понела, па се до натписите како со тој чин, првата дама и првата ќерка, која исто така се најде на ова патување, всушност сакале да започнат со нов моден тренд во оваа држава.

Твитерџиите особено беа активни по ова прашање, па масовно делеа фотки на трите први дами со коментари: „Саудијците не се глупи, тие знаат како со слабаци“, „хеј либерали, Саудиска Арабија на Мелани и дозволи да не носи хиџаб“, „Дали саудиските жени сега ќе бидат инспирирани од стилот на Мелани!?“.

Се на се, Меланија Трамп секако направи нешто што и другите две споменати први дами го направиле. Таа марама не носеше во Саудиска Арабија, а најконзервативната од сите арапски држави, додека фотките од Мишел и Хилари настанел во други држави. Имено фотката на Хилари Клинтон со сина марама настана во текот на официјалната посета на Пакистан додека фотката на Мишел Обама со марама настана во текот на официјалната посета на Индонезија.

Да потсетиме Меланија и многу други жени официјално не носеле марама во оваа муслиманска земја. Меѓу нив се и Мишел Обама, Хилари Клинтон, Тереса Меј, Ангела Меркел, Маргарет Тачер, Кралицата Елизабета и многу други.