Џет-Сет
25. April 2018 - 12:43

Меланија, ледена кралица: Трамп се обиде да ја фати за рака, а таа буквално не се помрдна

Американскиот претседател Доналд Трамп и неговата сопруга Меланија уште еднаш се најдоа во центарот на вниамнието поради една ситуација која често се повторува од кога Трамп застана на чело на САД. 
 
Имено, често имавме прилики да видиме дека Трамп сакал да ја фати за рака својата сопруга за рака, но тоа таа не му го дозволувала. 
 
Слична ситуација се случила при посетата на францускиот претседарел Емануел Макрон. 
 
Трамп неколку  наврати се обидел суптилно да ја фати за рака Меланија, додека таа ладно стоела покрај него и не реагирала. 
 
На крајот сепак, веројатно поради протоколот, сепак пружила рака на сопругот додека тој, како што изгледа на снимката, тој и се заблагодарува. 
 
Овој потег предизвика бруни рекации на социјалните мрежи.