Свет
16. October 2017 - 21:18

Меѓународната коалиција: Багдад и Ербил да избегнат ескалација на тензиите

Меѓународната коалиција предводена од САД ги повика ирачките лидери и курдските власти да ја избегнат ескалацијата на тензиите,  по судирите и смртните случаи во провинцијата Киркук, која е богата со нафта.

Сите страни мора да стават акцент на борбата против нашиот заеднички непријател во Ирак - Исламска држава, се вели во соопштението на коалицијата, додавајќи дека би сакале да веруваат оти вооружените судири синоќа се резултат на недоразбирање поради слабата видливост.

- Коалицијата го набљудува движењето на војниците и воената опрема во близина на Киркук. Досега ова придвижување е само обично преместување, а не напад, се наведува во соопштението.

Илјадници Ирачани бегаат од градот Киркук и се упатуваат кон северните градови Сулејманија и Ербил.