Меѓународната агенција за енергија и советува на ЕУ да го штеди природниот гас
Меѓународната агенција за енергија (ИЕА) ја советува ЕУ да штеди со потрошувачката на гас, за да избегне празни складишта и ризик од прекини во снабдувањето оваа зима, јави ДПА.
За да се задржат резервите на гас на соодветно ниво до крајот на грејната сезона, побарувачката мора да се намали за 9 до 13 отсто во споредба со просекот од изминатите пет години, се вели во извештајот на ИЕА за состојбите на пазарот на гас претставен во Париз.
На тој начин ќе се обезбеди резервите на гас да останат на ниво меѓу 25 до 30 отсто, во услови на низок прилив на течен природен гас (ЛНГ), се вели во извештајот.
Без намалена потрошувачка на гас и во случај на целосно замрзнување на снабдувањето гас од Русија од наредниот месец, нивото на резерви би можело да се намали на нешто под 5 отсто, што би го зголемило ризикот од прекини во снабдувањето во случај на постудени временски бранови.
Според анализата на ИЕА, со висок прилив на ЛНГ складиштата би биле исполнети околу 20 проценти.
„Руската инвазија врз Украина и наглото намалување на испораките на природен гас во Европа предизвикуваат значителна штета за потрошувачите, бизнисите и цели економии – не само во Европа, туку и во земјите во развој”, рече директорот на ИЕА за енергетски пазари и безбедност Кеисуке Садамори.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација