Македонија
10. December 2015 - 8:44

Меѓународна конференција „Медиумите и човековите права“

По повод меѓународниот ден на човековите права, Институтот за новинарство, медиуми и комуникации, при Правниот факултет „Јустинијан Први” при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, организира Меѓународна конференција на тема „Медиумите и човековите права“.

Целта на конференцијата е да овозможи размена на мислења и презентација на истражувачки резултати на оваа суштествена тема за медиумите и човековите права, а особено битна за Република Македонија. 

На отворањето на конференцијата ќе се обратат деканот на Правниот факултет проф. д-р Борче Давитковски и американскиот амбасадор во Македонија Џес Бејли.