Македонија
11. May 2019 - 10:55

Меѓународен ден на акушерките и Меѓународен ден на медицинските сестри

Здружението на медицински сестри, техничари и акушерки на Македонија (ЗМСТАМ) денеска ги одбележува, традиционално во Неделата на сестринството, Меѓународниот ден на акушерките (Акушерките: Заштитнички на жените) – 5 Мај, и Меѓународниот ден на медицинските сестри (Медицинските сестри: Глас кој води – Здравје за сите) 12 Мај.

На прославата на ЗМСТАМ се очекува да бидат присутни над 300 медицински сестри и акушерки од целата земја, како и гости од сферата на здравството, социјалата, образованието, Комората на здравствени работници со средно, више и високо стручно образование на Ребулика Северна Македонија, Здруженија на  здравствени работници,  Медицинското училиште д-р „Панче Караѓозов“, претставници на невладиниот сектор,…
 
Ќе бидат доделени 46 пофалници за најхумани медицински сестри и акушерки за 2018 година од јавните и приватните здравствени установи.