Медведев: Русија подготвена да посредува за решавање на конфликтот во Нагорно Карабах

Русија е подготвен да игра посредничка улога во решавањето на конфликтот во Нагорно Карабах, и главно е тој да не се дозволи да премине во „жешка фаза“, изјави рускиот премиер Дмитриј Медведев по средбата во Ереван со ерменскиот колега Овик Абрајман, јави ТАСС.
Медведев изрази надеж дека прекинот на огнот ќе се почитува и оти политичкиот процес ќе се обнови, „за да може со негово уредување да се занимаваат дипломати, а не војници“.
- Русија ќе ги вложи сите неопходни напори за поддршка на мирот во Нагорно Карабах и почитување на можноста за комуникација меѓу двете земји, рече Медведев.
Медведев утре во Баку ќе разговара и со азербејџанскиот колега Артур Расизаде.
Посетата на Медведев на Ереван беше објавена на 24 март, пред да се заостри конфликтот во Нагорно Карабах, додаде ТАСС.
Ново на Сител
-

Донатори од Србија донираа витражи за гробот на Тоше
-

Младите да се доближат до верата
-

Окупната цена на арпата во слободен пад
-

Преглед на вестите од светот
-

Трипуновски за Сител: 50 договори се стопирани по скандалот со директорот на Платежната агенција
-

Тема на денот со Цветан Трипуновски, министер за земјоделство
-

Почнаа меѓукоалициските консултации за смени во Владата
-

ВМРО-ДПМНЕ: Познат доктор и поранешен градоначалник го одбил Филипче
