Живот
21. December 2015 - 15:49

Медицинската евиденција откри: Хитлер имал само еден...

Од здравствената евиденција на Адолф Хитлер, евидентно е дека тој имал само еден тестис, пренесе германски весник во саботата, што покажува дека во крајна линија имало малку вистина во популарното британско потсмевање на почетокот на Втората светска војна, кое вели дека нацистичкиот лидер "има само еден тестис ".
 
Долго време се шпекулирало дека Хитлер имал само еден тестис, а кружеле и приказни дека го изгубил во битката кај Сом во Првата светска војна.
 
Со години се сметало дека докторски белешки не постојат, но се појавиле на аукција во 2010 година и веднаш биле запленети од страна на властите.