Живот
29. November 2017 - 21:46

Мечка со години била заробена во метален елек - погледнете ја нејзината реакција кога ќе ја ослободат

Вакви работи не престануваат да не изненадуваат. Како се уште постојат луѓе кои мачат невини животни и ги држат во заробеништво?
 
Цезар е мечка која е најдобар пример за тоа колку луѓето навистина се злобни.
 
Оваа сиромашна мечка ја поминала својата прва половина од животот во пекол. Таа израснала на фарма во Кина каде била принудена да носи метален елек. Исто така морала да живее во мала соба без прозореци да се движи нормално.
Таа буквално била осудена на живот во темнина - но за неа сепак постоело светло на крајот од тунелот.
 
Освен елекот, Цезар имала и отворена рана, која била намерно направена за да можат да и ја извадат жолчката.
Жолчката од мечката се користи за производство на некои традиционални лекови во Кина, што за жал е навистина честа појава.
 
- Цезар ни пристигна во 2004 година откако со години била заробена, - велат од организацијата Animal Asia.
Таа била една од неколкуте среќни мечки кои оваа организација успеала да ги спаси. Минале многу години и сега таа живее во дивината Ченгду.
 

A post shared by Animals Asia (@animalsasia) on