Ме обзеде длабока тага и жал за драгиот Глоги: Милена Дравиќ открива што помислила првпат кога го видела
Дивата на српското глумиште емотивно раскажува за Небојша Глоговац по кој, како што вели останува голема тага.
Колегите на актерот кој почина од тешка болест се простија од него со емотивни пораки, а некои за медиумире проговорија за тоа каков бил Небојша и како било да се игра со него.
Милена Дравиќ рече неколку реченици за саканиот српски актер и откри што помислила кога првпат го видела, во филмот „Убиство со предумисла“.
-Ме обзеде голема, длабока тага и жалост за Небојша Глоговац, нашиот драг Глоги. Откако го гледав во филмот „Убиство со предумисла“ знаев дека се појави голем актер. Се она што подоцна го направи на филм, во театар и на телевизија го направи голем европски актер, вели Милена.
-Чест ми е што го познавав, а имав и среќа со него да играм во неколку филмови. Никогаш не сме биле директни партнери, но неговата чудесна актерска харизма секогаш се чувствувала, порачува српската актерка.
Едно од најзначајните остварување во кое Небојша и Милена играа заедно е „Буре барут“ од 1998 година, чиј автор е Дејан Дуковски.
Ново на Сител
-
Бајден го потпиша законот за ТикТок
-
ДИК: Првичните неофицијални резултати ДИК ќе ги соопшти околу полноќ
-
Дачиќ: Потезите на Словенија ги нарушуваат односите
-
Најголема излезност во Карпош: Пресек на излезеноста во скопските општини до 17 часот
-
Во Општина Тетово до 17 часот гласале 34.466 луѓе или 40,53 отсто од вкупниот број гласачи
-
Хамас објави видео од израелско-американски заложник
-
Русија и Украина договорија размена на деца одвоени од своите семејства
-
Даштевски: Има прекин на 3 места во Куманово