Фудбал
4. May 2017 - 11:52

Мбапе: Создававме шанси, но промашувавме

Екипата на Монако го загуби првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите. Синоќа Монако беше поразен со 2:0 од Јувентус, а стрелец на двата гола беше Гонзало Игуаин.
Во таборот на домашните за натпреварот истакнаа:
- Немаме искуство во вакви натпревари. Не бевме ефикасни пред противничкиот гол. Создадовме шанси, но промашувавме. На спротивната страна Јувентус од две шанси постигна два гола. Ние треба да ја научиме лекцијата, изјави напаѓачот на домашните Килијан Мбапе.
Играчите на Монако најавуваат дека во реваншот што се игра во вторник на „Јувентус Арена“ ќе се обидат да стигнат до позитивен резултат.