Живот
16. November 2016 - 11:02

Mажите на убавина трошат повеќе пари од жените

Мажите трошат се повеќе пари на разни работи за кои веруваат дека ќе им помогнат да изгледаат подобро.

Ова се наведува во едно ново американско истражување во кое се тврди дека мажите се подготвени да платат многу повеќе пари за да изгледаат убаво отколку жените.

Истражувањето кое  го спроведе „Санкорп“ на една илјада мажи, покажа дека мажите на возраст од 20 до 30 години трошат повеќе пари на облека, обувки и производи за убавина, отколку нивните врснички.

Резултатите покажаат дека младите мажи во просек трошат 439 долари месечно за да изгледат убаво, додека жените за тоа издвојуваат 390 долари.

- Мажите многу повеќе се заинтересирани за модата и трндовите. Повеќе не користат само балзам по бричење, туку сега ги купуваат сите видови козметика - од креми и производи за коса, па до парфем, изјави раководителот на истражувачкиот Марк Меккриндл.

Менаџерката на „Санкорп“, Даниел Сим наведува дека резултатите од истражувањата покажале дека некои навики на младите се променети.

- Истражувањето покажа дека луѓето на возраст од 20 до 30 години се денес имаат поинакви приоритети. Речиси половина од испитаните мажи изјавиле дека не сакаат да пропуштат значајни општествени настани, вели Сим.