Македонија
23. May 2018 - 11:12

Маж итно пренесен во болница

Прегазен тетовчанец, повредениот итно бил пренесен во болница. Како што информираат од МВР, во понеделник  околу 23:10 часот на улица „167“ во Тетово, патничко моторно возило „Опел корса“ со тетовски регистерски ознаки, управувано од Ј.А.(67) од Голема Речица, удрило во М.Б.(69) од Тетово.

Повредениот пешак бил пренесен и задржан на лекување во Клиничка болница Тетово. Извршен е увид на местото на настанот.