Бизнис
29. July 2016 - 20:20

МАТТО: Турската економија функционира нормално

Турската економија функционира нормално, фабриките се во погон, финансиките инстутиции работат, а туристчкиот сектор е подготвен за посетители.

Ова е пораката од македонско-турската стопанска комора и амбасадорот на Турција до македонските компании и до граѓаните.

Комората презентираше и економски индикатори за раст на индексот на доверба, како и на производството, а падот на турската лира ги прави производите поевтини.

Од комората потенцираа дека во првите пет месеци од годината има значајно зголемување на трговската размена меѓу двете земји од 21,5% и изнесува 175 милиони долари. Извозот од Македонија во Турција се зголемила за 19,8%, а увозот за 22%.