Тенис
16. November 2016 - 9:04

Мастерс: Ѓоковиќ се пласира во полуфиналето

Новак Ѓоковиќ е првиот тенисер кој обезбеди пласман во полуфиналето на Мастерсот во Лондон откако синоќа во рамките на 2.коло од групата „Иван Лендл“ го победи Милош Раониќ со 2:0 во сетови. Двата сета Ѓоковиќ ги доби во тај брек првиот со 8:6 на поени, а вториот со 7:5. Покрај двете победи Ѓоковиќ го обезбеди и првото место во групата биедјќи во првиот меч од вчерашната програма Доминик Тием го совлада Гаел Монфис со 2:1 во сетови.
Во третото коло од оваа група Ѓоковиќ ќе игра против Монфис, а за пласман во полуфиналето и за второто место ќе решаваат: Раониќ и Тием.
Денеска се играа мечевите од 2.коло од групата „Џон Мекинро“. Од 15 часот е дуелот на победниците од првото коло Енди Мареј – Кеи Нишикори, а од 21 часот играат: Марин Чилиќ – Стан Вавринка.