Македонија
15. March 2016 - 19:06

МАСОВНО: Над 6.000 луѓе се приклучија на ГРОМ во одбрана на институциите

Повеќе здруженија предвоени од ГРОМ велат дека ќе го чуваат Уставниот суд, а со тоа и уставниот поредок. Тие сметаат дека никој нема право да врши притисок на институциите и да му забранува на уставниот суд да донесе одлука кој треба да си ја работи својата работа

broj-1

-Ги повикувам граѓаните собирот да биде мирен, достоинствен да ги одбраниме македонските институции, да не дозволиме врз нив да се врши притисок затоа што ако нема институции, нема ни држава. Затоа што сите оние што се обидуваат да ни ги урнат институциите, да го урнат водството во Р. Македонија сакаат да не постои Р. Македонија. Очигледно е дека граѓаните сакаат да ги одбранат институциите и навистина се наоѓаме во едена шизофрена  ситуација каде што министерот за внатрешни работи на Р. Македонија, кој што Граѓанската опција за Македонија не го признава и тој вечерва ќе протестира, потенцираше Јакимовски.

Тој јавно постави прашање, што ќе прават полицајците кога нивниот министер за внатрешни работи ќе тргне да протестира против највисоката институција во Р. Македонија, Уставниот суд.

protest-1

-Тоа значи дека граѓаните ќе бидат подготвени со жив штит  да си ги бранат сопствените институции ако ја сакаат сопствената држава без разлика дали некој во моментов ја извршува функцијата министер или било што. Напротив јас сметам дека оние што се наоѓаат на највисоки државни функции треба да создаваат ред и поредок и да допринесат за смирување на тензиите во Р. Македонија и надминување на оваа политичка криза во која се наоѓа нашата држава, рече Јакимовски.

ustaven

ustaven-1