Loading Video...
Фудбал
30. October 2019 - 12:20

Мартинез и Лукаку му донесоа триумф на Интер

 
Екипата на Интер го презеде лидерското место од Јувентус во италијанската Серија А. 
 
Тимот од Милано славеше победа на гостувањето кај Бреша со 2-1 во воведниот меч од 10 коло. 
 
Головите за „неро-аѕурите“ ги постигнаа Аргентинецот, Мартинез и Белгиецот, Лукаку. 
 
Сега Интер има 25 бодови или два повеќе од Јувентус кој вечерва ја пречекува екипата на Џенова во која настапува македонскиот капитен Горан Пандев