Свет
2. October 2016 - 11:03

Мартин Шулц: Референдумот во Унгарија е опасна игра

Претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц предупреди дека Унгарија игра „опасна игра“ со организирањето референдум против планот за преместување бегалци во ЕУ.

– Унгарскиот претседател Виктор Орбан си поигрува со темелното начело на ЕУ – ги доведува во прашње европските закони во кои и Унгарија учествувала, истакна претседателот на ЕП.

Тој ги повика и другите лидери на држави од Унијата кои ги почитуваат прописите, на Орбан да му одржат лекција.

– Би требало да му кажат на својот колега – така веќе не може. Солидарноста не е едносмерна, оцени тој. ЕК потсети дека референдумот што денеска се одржува нема никакво правно значење на прифатените обврски.