Loading Video...
Спорт плус
24. September 2022 - 11:45

Марк Маркез ќе започне од пол-позиција на утрешното јапонско Гранд-при

Шпанецот Макр Маркез ќе започне од пол-позицијата на утрешната трка за Големата награда на Јапонија. Членот на Репсол Хонда оствари најбрзо време во утринските квалификации возени на патеката Мотеги, каде утре ќе се вози 17-та во Мото ГП шампионатот.
 
Од првиот стартен рез, зад Маркез, трката ќе ја започнат Французинот, Јоан Зарко од Прамак Рејсинг и Бред Биндер од тимот на Ред Бул КТМ. 
 
Водечкиот тандем во Генералниот поредок, Фабиот Квартараро и Франческо Бањаја имаа лош настап во квалификациите, па трката ќе ја започнат од  деветтата и единаесеттата позиција. 
 
Во пресрет на јапонското Гранд-при, Французинот има 211 бодови, само 10 повеќе од Италијанецот. 
 
Стартот на утрешната трка е закажан за 8 часот наутро по македонско време.