Македонија
4. April 2019 - 15:25

Маринов: Телата на загинатите во авионската несреќа ќе се идентификуваат со ДНК-тест

Со ДНК-тест ќе се утврдува идентитетот на загинатите во авионската несреќа која се случи завчера во близина на Солунска Глава во која загина четиричлено семејство од Бугарија.

Како што пренесе бугарската БГнес, министерот за внатрешни работи на Бугарија Младен Маринов во изјава за медиумите информирал дека за потребите на експертизата ќе бидат земени примероци од блиски роднини на загинатите, бидејќи телата биле јагленосани и не можат да се идентификуваат на друг начин.

-За да се забрза целата процедура роднините на семејството ќе треба да отпатуваат во Северна Македонија, истакна Маринов нагласувајќи дека Бугарија ќе помогне со се што е потребно за да се намали нивната болка.