Македонија
9. December 2015 - 18:24

Марина Абрашева избрана за претседател на Основниот суд Струмица

На денешната седница на Судскиот совет на Република Македонија Марина Абрашева е избрана за претседател на Основниот суд Струмица.

На седницата, како што соопшти Советот, претседателот Бранко Ушковски констатира дека, применуваjќи го мерит системот, на најтранспарентен начин за претседател е избран кандидатот кој ги исполнува условите и критериумите утврдени со Законот за судовите, во постапка и на начин утврдена во Законот и Деловникот за работа на Судскиот совет.

- За претседател е избран кандидат кој покрај другите услови и критериуми во последните две години од страна на Судскиот совет преку АКМИС системот е оценет со највисока позитивна оцена и во однос на другиот кандидат  има добиено најголем број бодови, рече Ушковски и истакна дека сите членови на Судскиот Совет и во иднина ќе продолжат да ги применуваат највисоките европски стандарди и со тоа  континуирано да го надградуваат основното начело, а тоа е, напомена, обезбедување непристрасност и при изборот на претседатели и изборот на судии. 

На денешната седница  Судскиот совет донесе Одлука за објавување оглас за пополнување две слободни судиски места во Вишиот управен суд.