Свет
27. March 2017 - 11:00

Марин Лер Пен: ЕУ ќе умре, глобалистите ќе бидат уништени

Европската унија ќе умре, а глобалистите ќе бидат уништени, изјави лидерот на францускиот крајнодесничарски Национален фронт и кандидат за претседател на Франција, Марин ле Пен во градот Лил, во северниот дел на земјата. 

- ЕУ ќе умре, бидејќи луѓето не ја сакаат. На арогантните и хегемонистичките империи им е пишано да загинат, рече Ле Пен.

- Дојде време за уништување на глобалистите, истакна таа и ги обвини своите политички ривали, центристот Емануел Макрон и конзервативецот Франсоа Фијон за предавство поради нивните политички платформи за поддршка на ЕУ и пазарната економија. 

- Претседателските избори во Франција се следната фаза од глобалниот бунт на луѓето, по Брегзит и победата на Доналд Трамп на претседателските избори во САД. Вистинскиот влог во Франција ќе биде преживувањето или смртта на ЕУ. Тие ќе бидат своевиден референдум, додаде Ле Пен.