Марез: Понекогаш 90 проценти од поседот на топката не е доволен за победа
Напаѓачот на Манчестер сити, Ријад Марез, по синоќешната победа над Вулверхемптон во 29. коло од англискиот фудбалски шампионатот (4:1), истакна дека натпреварот бил многу тежок.
– Тоа беше тежок меч. Почнавме многу добро и создадовме шанси. Можевме да го решиме исходот на средбата во првото полувреме. Второто полувреме беше малку потешко, но сепак создадовме шанси, продолживме да играме и да притискаме. Понекогаш може да имате посед 90 проценти од времето, но не и да победите. Последните 10 минути во нашиот перформанс беа многу добри. Одиме чекор по чекор. Следниот натпревар е со Манчестер јунајтед, и треба да се фокусираме на него, изјави Марез за „Би-би-си“.
По 27 натпревари Сити има 65 бодови, 15 повеќе од второпласираниот градски ривал Манчестер јунајтед.
Ново на Сител
-
Руски воен репортер загина во Украина
-
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
-
Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње
-
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
-
Вучиќ-О'Брајан: Различни ставови по прашањата за Косово и Сребреница
-
Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа
-
Во вторник предизборен молк
-
СПМ поднесе кривична против поранешниот министер за внатрешни работи и други три лица за несовесно работење