Loading Video...
Тенис
3. August 2018 - 19:38

Мареј ќе игра четвртфинале во Вашингтон

Деновиве се игра интересен турнир во  Вашингтон на кој по подолга пауза настапи и некогашниот рекет број еден во светот, Енди Мареј.

Мареј успеа во три сета да го совлада романскиот тенисер Маријус Копил  и  да се пласира во првото четвртфинале од Вимблдон минатата година.

Британецот го загуби првиот сет но успеа да се врати во вториот и третиот сет и да стигне до посакуваната победа.  Според зборовите на Мари мечот бил исцрпувачки и може да се случи од тие причини  да го откаже четвртфиналниот меч  каде треба да игра против Алекс де Минаур од  Австралија.

Интересно во осминафиналната фаза се судрија и браќата Звереви, Миша и Александар а победи помладиот Александар и тоа во два сета со 6-3 и 7-5 и обезбеди четвртфинале со Јапонецот Кеј Нишикори.