Loading Video...
Тенис
4. August 2018 - 18:07

Мареј го откажа четврфиналето со де Минаур

Како што и најави Енди Мареј го предаде мечот во четвртфиналето на турнирот во Вашингтон  па пласман во следната фаза обезбеди  де Минаур од Австралија.

                Мареј по вчерашниот дуел од осминафиналето се пожали на замор и денеска како што најави го предаде четвртфиналниот меч.  Некогашниот рекет број еден со тоа  го откажа и настапот на Мастерсот во Торонто каде ќе го замени Стан Вавринка.

            Следен турнир на кој ќе игра Мареј ќе биде  во Синсинати САД.

            Покрај де Минаур пласман во полуфиналето оствари  и  Германецот Александар Зверев кој во три сета го совлада  Јапонецот Кеи Нишикори.

            Денеска заврши турнирот во Кицбил Австрија. Триумфираше Мартин Клизан од Словачка со победа во финалето со 2-0 против Денис Истомин од Казахстан.