Македонија
29. July 2015 - 16:37

Маратонска потрага по охриѓанка која скокнала во Охридското Езеро

Драма со среќен крај во водите на Охридското езеро. После 10 часа пребарување езерската полиција утрово околу 10 часот ја пронајде средовечната жена како плива жива и здрава на околу еден километар од брегот над комплексот Инекс.Таа во еден часот после полноќ скокнала во езерото во непосредна близина на малото пристаниште и одтогаш и се губи секаков траг. Единиците за спасување на вода и езерската полиција со два тима и два чамци го пребарувале езерото но потрагата била отежната поради заматувањето и брановите.

Се уште не се знаат причините зошто жената влегла во вода среде ноќ и дали воопшто излегла да се одмори .

Неофицијално според кажувањата на охриѓани жената имала  психички проблеми и се обидела да се  самоубие таа и порано било пријавувана како исчезната.

Инаку ова е прва интервенција на езерската полиција од ваков вид летово.