Фудбал
17. July 2018 - 16:23

Марадона претседател на Динамо Брест

Ѕвездата на аргентинскиот фудбал, Диего Армандо Марадона од денеска и официјално е нов претседател на белорускиот клуб Динамо Брест.

Марадона ја предизвика јавноста за време на Мундијалот во Русија со своите испади но сепак беше одлично прифатен од бројните фанови на Динамо Брест кој во моментот е на 6. Место во белоруската лига.

Славниот фудбалер на официјалната промоција доби поголем прстен како подаро а воедно даваше и автограми на фановите.

Претходно Марадона го напушти кормилото на Ал Фуџера акипа од ОАЕ.