Марадона погребан покрај неговите родители во присуство на само 200 луѓе
Поранешниот аргентински фудбалер и тренер Диего Марадона е погребан на гробишта во близина на Буенос Аирес. Марадона е погребан на приватните гробишта „Бела Виста“ до неговите родители. На погребната церемонија учествуваа само роднините и пријателите на Марадона.
Претходно за време на церемонијата на збогување во Буенос Аирес, избувнаа немири. Настанот, кој се случи во претседателската палата во аргентинската престолнина, мораше да биде прекинат.
Поранешниот фудбалер, светски шампион 1986 година почина на 25 ноември. Аргентинските власти објавија тридневна жалост на национално ниво – националните знамиња ќе бидат спуштени и нема да има забавни програми на телевизија.
Марадона во својата кариера играше за Бока јуниорс, Барселона и Наполи. Тој исто така беше селектор на репрезентацијата на Аргентина од 2008 до 2010 година.
Во 1986 година, играјќи за националниот тим го освои Светското првенство што се одржа во Мексико. Беше прогласен за најдобар фудбалер на тој Мундијал.
Ново на Сител
-
Николоски: Доколку власта не беше раскалашена немаше да имаме 1.5 милијарда задолжување
-
СЗО: Можеби никогаш нема да го најдеме нулта пациентот
-
Апасиев за пописот: Најголемото малцинство ќе биде 28,5%, иако во реалноста резиденти се околу 18%
-
Арсовски: СДСМ и Заев ветиле во пописот да наштелуваат над 32% албанско население
-
Заев: Ние, мажите не смееме да бидеме неми сведоци на насилството врз жените и девојчињата
-
Се отвораат продавниците во Грција, а се задржува забраната за движење и полицискиот час
-
Собранието ја заврши расправата за законот за попис, ќе се гласа дополнително
-
Држави од ЕУ сериозно загрижени поради доцнење на испораката на вакцините на „Фајзер/БиоНТех“