Фудбал
6. May 2021 - 11:10

Манчестер Jунајтед и Ливерпул ќе играат на 13 мај

Премиер лигата го објави датумот на одложениот натпревар меѓу Манчестер јунајтед и Ливерпул. Средбата ќе се одржи на 13 мај.

Првично натпреварот требаше да се одигра на 2 мај, но беше откажан поради протестите на навивачите на Јунајтед против сопствениците на клубот, семејството Глејзер. За време на акцијата навивачи упаднаа на теренот на „Олд Трафорд“.

Нов датум доби и натпреварот Манчестер јунајтед – Лестер закажан за 12 мај. Средбата ќе се одигра еден ден порано, на 11 мај.