Македонија
8. March 2020 - 12:18

Малолетник лишен од слобода откако во неговиот автомобил бил пронајден пиштол

16-годишник е лишен од слобода откако во неговиот автомобил бил пронајден пиштол.

-Вчера во 22.50 часот на регионалниот пат Гостивар-с.Вруток, полициски службеници од Полициската станица Гостивар од слобода лишиле 16-годишен малолетник од с.Речане, гостиварско, поради тоа што при преглед во возилото „фолксваген голф“, што го управувал, бил пронајден пиштол „Бруни 92“ и два куршуми со калибар 7,62 мм, велат од МВР.

 Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок