Македонија
18. February 2016 - 13:37

Малолетници претепале ученик од средното угостителско училиште

Вчера во Скопје пред влезот на СУГС „Лазар Танев“, ученик од трета година физички бил нападнат од страна на тројца малолетници, исто така, ученици во училиштето, со кои бил и М.Д. (19 од Скопје, поранешен ученик во СУГС. напаѓачите се приведени во ПС-Карпош.
 
Со возило на Итна медицинска помош нападнатиот ученик е пренесен во Клинички центар за укажување лекарска помош.
 
Се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.