-->
-->
Mалкумина знаат како Брена го добила прекарот: Саша Поповиќ не ја нарече „Лепа Брена“, туку овој човек од БиХ
-->
Лепа Брена е родена во Тузла во 1960 година како Фахрета Јахиќ. Уште како девојче била амбициозна, а основното училиште го завршила како првенец на генерација.
Својот настап го имала на натпреварот „Млади градители“, каде го освои првото место со песната на Кемал Монтено „ Свири уште приајтелу мој“.
Освен за музика Фахрета била талентирана и за спорт. Тренирала кошарка во еден клуб во Тузла, а нејзиниот тренер и професор по физичко за време на игра сосема случајно и го дал прекарот Брена.
Брена набрзо почнала да настапува со момците од бендот Јудекси. Кога ја завршила гиманзијата се преселила во белград, каде запишала туризам на Природно - математичкиот факултет.
Меѓутоа, половина од татковата плата одела за нејзиното школување, а другата половина за целото семејство Јахиќ, Брена по година дена ги напуштила студиите и се вратила во Тузла, каде почнала да пее за хонорар. Набрзо станала позната како „ малата која пее рок“.
На почетокот од 80-тите неа ја повикал Саша Поповиќ за да пее во неговиот бенд.
Бендот по година дена го променл името во „ Сладок грев“ и така почнала кариерата на една од најголемите ѕвезди на овие простори -Лепа Брена.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
СЗО за консумирање алкохол и електронски цигари кај адолесцентите: Состојбата е алармантна
-
Белгиски медиуми: Македонија оди во втор круг гласање од кој и зависи европската иднина
-
Ангелов: Граѓаните ја отпишаа СДСМ, сите заедно да ги отпишеме и ДУИ
-
Тројца уапсени во врска со истрагата за поткуп против рускиот заменик министер за одбрана
-
Грчката фрегата соборила беспилотно летало во Црвеното море во рамките на операцијата „Аспидес“
-
Александар Ѓорчевски со нова жалба пред Врховен
-
Почина Велибор Џаровски - Џаро
-
Приведен тетовец баран со потерница