Бизнис
16. September 2019 - 16:30

Малите компании не се заинтересирани за извоз

Малите фирми не се заинтересирани да извезуваат. Според податоците од Стопанската комора тие се главно свртени кон домашниот пазар и не ги користат ниту можностите за поврзување со странски фирми. И тие малку кои се извозно ориентирани најмногу соработуваат со фимите од поранешната Југославија. Од малите фирми најмногу извоз имаат оние од ИТ секторот, а многу малку се работи на извоз на производи. 

Од податоците од државата статистика се гледа дека најголем дел од извозот од земјава го релаизираат големите странски компании од зоните. Тие извезуваат катализатори на носачи со благородни метали, сетови на проводници за палење на возила, авиони или бродови, како и делови за седишта, или производи  кои се произведуваат во зоните. Речиси половина од вкупниот извоз, или над 1,8 милијарди евра завршува на германскиот пазар.

За да се зголеми уделот на малите и средните фирми во извозот, помош нуди и Европската мрежа на мали и средни претпријатија. Досега преку оваа мрежа 2.400 компании добиле можност да аплицираат за средства од европските фондови.