Живот
26. February 2016 - 13:12

Малезиска уметница се трансформирала во ликови од цртаните филмови

Малезиската уметница Сарасвати, позната како „Кралица на Месечината“, го воодушеву светот со својата трансформација во ликови од славните цртани ликови. 

Малезијка 2

Имено, само со помош на шминка Сарасвати, успешно се трансформира во славните измислени убавици како Ариел, Мулан, Покахонтас, Јасмин, Алиса, па дури и во Ѕвончица од приказната за Петар Пан. 

Малезијка 3

Всушност, изгледа дека не постои лик во кој таа не може да се „претвори“, вклучувајќи ги и машките измислени ликови и познатите негативци, а она што е навистина запрепастувачки е фактот што тоа секогаш го прави сето тоа без да го симне хаџабот од главата.

Малезијка 4

Сарасвати е позната шминкерка, но токму фасцинантните трансформации и донесоа светска слава.

Малезијка 5

Моментно само на Инстаграм ја следат 44.000 луѓе. 

Малезијка 6