Макрон води на претседателските избори во Франција, според излезните анкети
Првите проценки на резултатите од досега најнеизвесните претседателски избори ќе бидат познати меѓу 19 и 20 часот, но тие треба да се земат со голема претпазливост, бидејќи се направени врз основа на 100.000 гласачки ливчиња, додека белгиските медиуми веќе ги објавија резултатите од излезните анкети, јави дописникот на МИА од Париз.
Според, некои испитувања, објавени од белгиската телевизија РТБФ, води Емануел Макрон со 24 отсто од гласовите, а веднаш зад него Марин Ле Пен со 22 отсто.
Независниот центристички кандидат Макрон и лидерката на ултрадесничарскиот Национален фронт Ле Пен водат во првиот круг во европскиот дел на Франција, додека крајно левичарскиот кандидат Жан-Лук Меланшон води во француските прекуокеани теротирии, покажуваат резултатите ид излезните анкети.
Во европскиот дел кандидатот на републиканците Франсоа Фијон освои 20,5 отсто, а Меланшон со 18 отсто.
На гласањето во француските прекуокеански територии, кое поради временската разлика е одржано вчера Меланшон според податоците на белгиската телевизија на француски јазик освоил 27,36 отсто во Мартиник, 34,45 отсто во Сен Пјер и Микелон и 24,72 отсто во Француска Гвајана, додека Макрон води во Гвадалупе.
Белгиските медиуми ја немаат истата обврска како француските да не ги даваат проценките и испитувањата на јавното мислење пред затворањето на гласачките места.
Но сите институти за испитување на јавното мислење предупредуваат дека прецизните резултати ќе бидат познати доцна вечерва.
Ново на Сител
-
Во БиХ уапсени три лица кои барале пари за информација за исчезнатото девојче во Србија
-
Продолжуваат предизборните коалицирања
-
Марш на трансродовите лица
-
Во Собранието седница на Комисијата за одбрана и безбедност
-
Најмалку 38 лица загинаа во израелските напади врз сирискиот град Алепо
-
Над 20 луѓе повредени во сообраќајна несреќа во Германија
-
Мериленд доби помош од 60 милиони долари по уривањето на мостот во Балтимор
-
Сончево и топло со мала локална облачност